Захарова: Русија ќе ги разгледа предлозите за враќање во Г-7

Од:

Русија мора да ги разгледа конкретните предлози за враќање во Групата 7, доколку има такви, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Тешко е да се разбере за што се работи. Поради тоа неопходно е разговорите за тоа да се преместат од сферата на јавна забава во професионална, доколку Г-7 сака да се постави како сериозен формат, посочи Захарова.

Во меѓувреме, неименуван француски дипломат изјави дека враќањето на Русија во Г-7 зависи од нејзиниот напредок во политичкиот процес со Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека би било соодветно Русија да се вклучи во групата на индустриски најразвиени економии.

Тој посочи дека неговиот претходник Барак Обама сакал Русија да излезе од некогашната Г-8.

– Но, мислам дека е многу посоодветно да ја имаме Русија. Тоа би требало да биде Г-8, бидејќи многу работи, за кои разговараме, се поврзани со Русија, наведе Трамп.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија