Захарова: Русија и Кина работат заедно за да спречат глобален колапс

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија и Кина претставуваат стабилизирачки фактор на меѓународната сцена и ги здружуваат своите ресурси за да спречат, како што рече, „колапс на планетата“.

Таа нагласи дека заедничка цел на двете земји, како големи држави, нуклеарни сили и постојани членки на Совет за безбедност на ООН, да придонесат кон глобална стабилност.

„Русија и Кина се стабилизирачки фактор на меѓународната сцена. Две земји, две цивилизации, две нуклеарни сили, постојани членки на Советот за безбедност на ОН… навистина ги здружуваат своите потенцијали и ресурси за да обезбедат стабилност и да спречат колапс на планетата“, изјави Захарова.

Таа додаде дека Москва и Пекинг не се насочени кон поделба на региони, туку кон стабилизирање на меѓународните односи и намалување на тензиите.

Изјавата доаѓа за време на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Кина, каде што се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Би можело да ве интересира

Трамп го пречека Си во Вашингтон: Почна историската средба

Предраг Петровиќ

„Голем скандал“ ја тресе Америка: Кина дошла до чувствителна технологија од ловецот F-35

Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони

Европа се подготвува за конфликт со Русија: анализата на CNN открива дека коридорот Сувалки е најранливата точка на НАТО

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan