Захарова: Русија e конструктивнa, но следи што прави Западот

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Русија никогаш не одбила да соработува со американските партнери и конструктивно ќе одговори на секој нивен позитивен сигнал.

-Руско-американските односи ги гледаме онакви како што треба да бидат, изјави Захарова, според државната агенција Тасс.

„На овие односи гледаме како на односи на еднакво, взаемно почитување, и взаемно корисно партнерство. Така ние ги гледаме“, додаде таа.

-Од друга страна, исто така, ги гледаме и чекорите што, да речеме, Брисел ги презеде под притисок на Вашингтон и не можеме да не ги видиме, рече Захарова, додавајќи дека Русија никогаш не одбила да соработува дури и во најтешките моменти .

„Значи, ние ќе одговориме на позитивните сигнали конструктивно“, додаде таа во интервју за телевизијата „Русија-24“.

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Захарова: Русија очекува да се исполнат договорите постигнати со САД во Ријад

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Трамп: Позитивни пораки од средбата во Џеда, американската делегација e на пат кон Русија

А1он