Захарова: Продолжуваат контактите меѓу Русија и Украина

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека продолжуваат контактите меѓу Русија и Украина во сферата на преговорите.

„Контактите меѓу Русија и Украина се во тек“, рече Захарова.

Таа се осврна и на резолуцијата на литванскиот Парламент за наводните терористички активности на Русија, нарекувајќи ги екстремен потег.

„Би сакала да ги потсетам оние земји кои можеби заборавиле или усвојувале такви декларации, изјави, кои не можам да ги наречам документи, дека тоа се екстремни потези, бидејќи не можат да се опишат поинаку. Сите овие земји се членки на НАТО. Во текот на изминатите децении, неколку пати можевме да видиме противправна агресија на НАТО, која не е оправдана со никакви правни причини“, рече Захарова.

Таа додаде дека постапките на Алијансата и нејзините членки напротив, како што рече, „предизвикале нови конфликти“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ