Захарова: Предупредувањата на ЕУ до Вучиќ за посетата на Москва се бандитизам и уцена

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес ги нарече предупредувањата на Европската Унија до српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со неговата посета на Москва за Денот на победата „бандитизам и уцена“.

– Кои се овие „црни знаци“ што Западот ги споделува како предупредувања? Така функционираа пиратите, така функционира мафијата, така функционираат уценувачите и криминалците, така функционираат терористичките ќелии, рече Захарова.

Захарова исто така, ја обвини Европската Комисија за „усвојување на гангстерски бизнис методи“ кога станува збор за она што го опиша како „грубо однесување“ кон Србија, која е земја-кандидат за членство во ЕУ, пренесува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Вучиќ: Каква хистерија во Хрватска поради една ракета, а останатото не го ни виделе

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убиството на Ѓинѓиќ беше огромна трагедија за земјата

Вучиќ: Состојбата на Дачиќ е „нешто подобра“

Горан Наумовски

Претседателот Вучиќ го посети Дачиќ: Се молиме за него

Захарова ја откри причината за војната во Украина