Захарова: Некој намерно назначува потомци на нацисти на лидерски позиции на Западот

Од:

Некој намерно назначува потомци на нацисти на лидерски позиции на Западот, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Трендот е јасно неонацистички: Фридрих Мерц, Анален Бербок, Кристија Фриланд, Саломе Зурабишвили. Сега можеме да го додадеме на нив и шефот на MI6, Блез Метруели. Некој намерно и свесно назначува потомци на нацисти на лидерски позиции во земјите од колективниот Запад, напиша таа на својот профил на платформата Телеграм.

Британскиот Индепендент вчера објави дека новиот шеф на Тајната разузнавачка служба на Велика Британија, MI6, Блез Метруели, е, според документите, внука на нацистички шпион познат како „Касапот“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Каја Калас повторно ја посрамоти Европската Унија

Захарова: Зеленски зема милијарди од ЕУ, а им се заканува на лидерите на земјите-членки

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Захарова ја откри причината за војната во Украина

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Москва: Путин ви порача заврши „балот на вампирите“

Горан Наумовски