Москва: Путин ви порача заврши „балот на вампирите“

Од:

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, потсети на изјавите на рускиот претседател Владимир Путин за „балот на вампирите“ на Запад, коментирајќи ги документите поврзани со случајот на Џефри Епстин, обвинет за педофилија.

– Мислам дека сите треба да погледнат дел од интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин, оној сегмент во кој вели дека гледаме како, и фала му на Бога, се приближува кон крајот, балот на вампирите, истакна таа.

Захарова објасни дека западните елити главно се формирани врз основа на растењето на нивните припадници во „канализација, мочуришта и стаорски дупки“.

„Луѓе од такви места биле регрутирани за релевантни позиции во таа западна заедница. Значи, процесот бил обратен. Ние гледаме на тоа од височина, како да се спуштиле од таму во оваа ‘канализација’, но се покажа дека направиле спротивното“, рече таа, нагласувајќи дека документите за Епстин содржат имиња на многу истакнати владини функционери, бизнисмени, дипломати и научници.

„Но, со години тие ги избирале најлошите од најлошите“, заклучи Захарова, пренесе рускиот портал Спутник.

Во март 2024 година, Путин изјави дека западните елити „со векови се навикнати да ги полнат стомаците со човечко месо, а џебовите со пари“, но мора да сфатат дека „балот на вампирите завршуви“.

Би можело да ве интересира

Москва обвинува: Зеленски создава „пантеон“ на украински националисти и соработници

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ

Ладен бран во Москва: Eдна од најстудените ноќи во летото

Драма во Варшава: Туск тврди дека Русија планирала атентат врз американски државјанин

Зеленски: Ако Путин не сака да ја запре војната, ние ќе го сториме тоа

Путин најави одмазда за обидите за запленување на руските трговски бродови