Блокирањето на сметките на телевизијата „Раша Тудеј (РТ) во Велика Британија е доказ дека Лондон, напуштајќи ја ЕУ, во неа ги остави и сите обврски за слободата на говорот, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
-Се чини дека по излегувањето од ЕУ Лондон во Европа ги остави и сите обврски за слободата на говорот. Како што велат, нов почеток без лоши навики, констатира Захарова, а пренесуваат руските медиуми.
Претходно, главниот и одговорен уредник на Меѓународната информативна агенција „Русија севодња“, Маргарита Симонјан, објави дека се блокирани сите банкарски сметки на телевизијата „РТ“ во Велика Британија.
-Нашите сметки во Велика Британија се блокирани. Сите четири сметки. На оваа одлука не може да се вложи жалба. Да живее слободата на говорот!, наведе Симонјан, а пренесоа британските медиуми.
Таа не прецизира зошто сметките се блокирани.
Ова не е првпат сметките на оваа медиумска куќа да бидат блокирани во Велика Британија, а слична работа се случи и во јули минатата година.