Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

Од:

Британскиот Парламент ќе го блокира Брегзит без договор доколку неизбрани луѓе, кои стојат зад премиерот Борис Џонсон, се обидат да ја извлечат Велика Британија без договор од Европската Унија на 31 октомври, изјави доскорешниот министер за финансии Филип Хамонд.

Обединетото Кралство се движи во правец на уставна криза на внатрешен план и се соочува со ЕУ откако Џонсон вети дека неговата земја ќе ја напушти Унијата во рок од 78 дена без договор, доколку ЕУ не се согласи на повторни преговори за Брегзит.

По повеќе од три години доминација на темата Брегзит со нејзината политика Унијата во повеќе наврати одбиваше повторно да преговара за договор за британското напуштање на ЕУ што вклучува гаранции за политиката кон ирската граница која претходничката на Џонсон, Тереза Меј, ја договори лани во ноември.

Хамонд, кој три години ја извршуваше должноста министер за финансии во владата на Меј, изјави дека неизбрани луѓе во кабинетот на Џонсон го ставија Лондон на „неизбежен“ курс кон Брегзит без договор, барајќи да се укинат аранжаманите кон ирската граница.

-Луѓето кои стојат зад тоа знаат дека тоа значи дека нема да има договор. Парламентот очигледно се противи на заминување без договор, и премиерот тоа мора да го почитува, изјави Хамонд за Би-Би-Си.

Првото негово јавно појавување по поднесувањето на оставката укажува на одлучноста на групата влијателни пратеници да ги спречат напорите на Џонсон на обезбедување Брегзит без договор.

Хамонд кажа дека е убеден дека парламентот, во кој мнозинството е против Брегзит без договор, ќе го најде патот да го блокираат таквиот исход.

Останува, сепак, нејасно дали пратениците имаат доволно единство и сила да го искористат 800 години старото срце на британската демократија за да го спречат Брегзит без договор на 31 октомври, што најверојатно ќе предизвика најголеми последици во британската политика по Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

„Гардијан“: Лондон повлекува дипломати од Брисел поради брегзит

А1он

Група британски пратеници се обидува да ја принуди Меј да го одложи Брегзит

Три милиони Британци потпишаа петиција против Брегзит

Виктор Јованов