Захарова: Израелски платеници заедно со Азов се борат во Украина

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека „израелски платеници практично се рамо до рамо со екстремистите од Азов во Украина“.

Руското МНР вчера го обвини Израел дека го поддржува неонацистичкиот режим во Киев.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров сугерираше дека Израелците заедно се борат со единицата Азов, чии припадници за Москва се нацисти. Тој изјави и дека Адолф Хитлер имал еврејска крв и други антисемитски провокации.

Изјавите на Лавров предизвикаа гнев во Израел, а израелските лидери ги оценија како непростливи, скандалозни и ужасна историска грешка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски