Захарова: Изјавата на Борел за убиството на заробените украински војници е дезинформација

Од:

Изјавата на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, дека руската армија наводно убила заробени украински војници е дезинформација и неосновано обвинување, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова рече дека тоа е „антируска изјава која поттикнува проукраинска пропаганда“ и дека „во отсуство на успех“, вооружените сили на Украина и шефот на европската дипломатија во заминување, Жозеп Борел, „измислуваат се повеќе и повеќе дезинформации со цел да се оцрни Русија“, пренесе ТАСС.

Захарова нагласи дека Борел повторно упати неосновани обвинувања против Русија за наводни убиства на заробени украински војници.

Би можело да ве интересира

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Захарова: Киев се уште е опседнат со поразот на Русија

Горан Наумовски

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Захарова: Украинските напади врз руски цивили докажуваат дека мирот не е на радарот на Киев

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Захарова: Русија очекува да се исполнат договорите постигнати со САД во Ријад