Захарова до Западот: Го предизвикавте ова, сега сме на работ на нуклеарна војна

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова повторно ја споменува нуклеарната војна.

„САД и нивните сојузници балансираат на работ на отворен воен конфликт со Москва, кој би бил полн со нуклеарни тензии“, рече Захаров, пренесува од руската новинска агенција ТАСС.

„Откако испровоцираа ескалацијата на украинската криза и покренаа насилна хибридна конфронтација со Русија, Вашингтон и неговите сојузници опасно балансираат на работ на отворен воен конфликт со нашата земја, што значи директен вооружен конфликт меѓу нуклеарните сили. Јасно е дека таков конфликт би бил полн со нуклеарна ескалација“, додаде таа.

Захарова, исто така, ги критикуваше обидите на Јапонија да ја прикаже Русија како земја која се заканува со нуклеарно оружје.

„Тие сакаат да не прикажат како земја која се заканува да користи нуклеарно оружје. Ова е неприфатливо“, посочи таа.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Захарова: Пресудата на Ле Пен ја покажува агонијата на либералната демократија

А1он

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин