Захарова: Бевме меки кон братска Украина

Од:

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави синоќа дека само рускиот „братски однос“ кон Украина спречил многу пожестока пресметка со украинските бродови во Керчискиот проток.

Според нејзините зборови, „братскиот однос“ кон Украина спречил „многу посериозни мерки кон бродовите кои повредиле руска граница“.

– Да не беше така од тие чамци немаше да остане ништо, нагласи Захарова.

– Ние само баравме посебни сигнали за идентификација, прашавме кои се и упорно повикувавме да престанат да ги ризикуваат животите и цел ден се обидувавме да ги спречиме…ниедна држава, само ние…само братски настроени луѓе се обидуваат неколку часа да ги повикаат на разум, изјави Захарова за руската ТВ-1

Би можело да ве интересира

Русија: Уништени се девет украински беспилотни летала и една пешадиска единица

Горан Наумовски

Руските сили го нападнаа градот Октирка, оштетени се неколку станбени згради

Трамп: Русија и Путин можеби одолговлекуваат со мировниот договор

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува