Захарова бара да се казни „Би-Би-Си“ бидејќи креирале негативна слика за Русија

Од:

Британското регулаторно тело треба да го казни „Би-Би-Си“ поради создавање негативна перцепција за Русија, оцени денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесува ТАСС.

На својот профил на Фејсбук, таа опиша како „Би-Би-Си“ известува за Русија, користејќи специјален вокабулар, конструкции на реченици и предизвикува емоции со намера да создаде негативна перцепција за сè што има врска со Русија.

„Кога регулаторното тело за медиуми во Велика Британија, кое може со леснотија да изрекува казни и да се заканува со казни на руски медиуми за наводно небалансирано известување, ќе ги примени истите критериуми за „Би-Би-Си“, праша Захарова. 

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот