Загубите поради „арапската пролет“ се 225 милијарди долари

Од:

Економските трошоци на т.н. „Арапска пролет“ на Блискиот Исток и во Северна Африка ќе достигнат 225 милијарди евра, пренесе Танјуг.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во 2010 година прогнозираше дека економиите на Египет, Тунис и Либија заедно ќе остварат 2,2 билиони во периодот од 2011 до 2015 година. Сега тој показател е намален за десет отсто, што и претставува висина на загубите поради „арапската пролет“.

Во октомври 2011 година ММФ процени дека загубите на арапските земји во кои биле најголемите граѓански немири изнесуваат 55 милијарди долари.

Експертите прецизираа дека во Јемен штетата достигнала 5,4 отсто од БДП, во Тунис 5,2 отсто, а во Египет 4,2 отсто од БДП. Главниот удар беше на Сирија и Либија чии загуби до крајот на 2011 година беа 7,7 отсто односно шест милијарди долари.

Во април 2012 година генералниот директор на Либиската странска банка Мохамед бин Јусуф објави дека земјите од арапскиот свет поради револуцијата загубиле 75 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток

Путин предупреди: Блискиот Исток е на работ на општа војна

(ВИДЕО) Предупредување од Иран до американските сојузници: Не им помагајте или вие сте следни

Катерина Ѓуровски

САД: Подготвени сме да испратиме дополнителни воени сили на Блискиот Исток за кратко време

Бајден: Можна е општа војна на Блискиот Исток, но можно е и да се дојде до решение

Горан Наумовски

Бајден: САД прават се за да спречат избувнување на поширок конфликт на Блискиот Исток