Загрозен е животот на египетскиот активист кој 220 дена штрајкува со глад

Од:

Животот на ц, кој штрајкува со глад во затворот, е во голема опасност, предупреди високиот комесар за човекови права на ОН, Фолкер Турк и повторно го повика Египет веднаш да го ослободи.

Абд ел-Фатах, истакнат активист и блогер во декември 2021 година беше осуден на пет години затвор под обвинение за ширење лажни вести. Тој веќе 220 дена штрајкува со глад против казната и условите во затворот, а пред два дена престана да пие и вода.

– Многу сме загрижени за неговото здравје и постои недостиг на транспарентност за неговата моментална состојба, изјави портпаролката на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Равина Шамдасани.

Притворот на Абд ел Фатах стана значајно прашање на самитот КОП27 во Шарм Ел Шеик. Неговата сестра е на самитот и води кампања за негово ослободување.

Египетскиот министер за надворешни работи и актуелен претседател на КОП27, Самех Шукри побара затворските власти да му обезбедат медицинска нега на Абд ел Фатах.

Сестрата на Абд ел Фатах е на Самитот и води кампања за негово ослободување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски