Високиот комесар за човекови права Зеид Раад ал Хусеин предупредува дека влезот на крајната десница во новата австриска влада е опасно и сметак дека не треба да се користи стравот за политички цели.
Според него, новиот австриски канцелар Себастијан Курв зазел екстремистички позиции, главно во врска со миграцијата за да ја освои власта.
Новата австриска Влада, составена од Народна партија (ОВП) и Слободарската партија (ФПО), и предводена од канцеларот Себастијан Курц положи заклетва пред австрискиот претседател Александар ван дер Белен.
За време на положувањето на заклетвата во Виена беа организирани протести против новата владина коалиција.