Парагвајскиот политичар Валтер Харкс и уште три лица загинаа во авионска несреќа во саботата вечерта.
Авионот се урна веднаш по полетувањето, на околу 200 километри од градот Асунсион. Во несреќата загинале претставник на владејачката партија Колорадо и тројца мажи кои биле дел од неговиот тим, се наведува во полицискиот извештај.
„Добив тажна вест за смртта на нашиот колега, пријател и брат Валтер Хармс“, напиша вицепремиерот Педро Алијано на социјалните мрежи.