Загина пилот при пад на воен авион во близина на Прага

Од:

Покрај Колин во близина на Прага вечерва се сруши воен ловечки авион од типот L-159. Во несреќата загина пилотот кој не стасал да се катапултира.

Авионот едносед L-159 од Чешко производство се враќал во воената воздухопловна база во местото Часлав.

Авионот се урнаЛ во нива, надвор од населба, а во остатоците,пожарникарите и спасувачите го пронашле мртвиот пилот.

“Пилотот загинал додека се обучувал за ноќно пилотитирање. Авионот удрил во земјата. За сега нема доволно информации за тоа како се случила несреќата”, изјави командантот на воздухопловната база Петр Ланчи.

Засега, запрени се сите летови на авионите L-159 во Чешка, изјави портпаролката на воената база Дениса Вернер.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница