Заеднички воени вежби на Иран и Ирак во близина на Ирачки Курдистан

Од:

Припадници на вооружените сили на Иран и Ирак денеска започнаа ненајавени воени вежби во иранската провинција Керманшахан, во реонот на граничниот премин „Парвис Хан“ на границата кон Ирачки Курдистан.

Во маневрите учествуваат тенкови и пешадија на двете армии.

Ова се први заеднички иранско-ирачки воени вежби од Исламската револуција во Иран во 1979 година.

Вежбите се одржуваат само една недела по референдумот за независност на Ирачки Курдистан, што беше спроведен на 25 септември.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он