Заедничка воена вежба на САД и Јапонија над Источно Кинеското Море

Од:

Американските воздухопловни сили и јапонските сили за самоодбрана денеска спроведоа заедничка воена вежба над Источно Кинеското Море, јужно од Корејскиот Полуостров.

Од јапонска страна учествуваа четири авиони ловци Ф-15 и патролни авиони. Американската авијација беше претставена со шест повеќенаменски ловци-бомбардери од петтата генерација Ф-35, четири Ф-18 и два стратешки бомбардера Б-1Б од базата Андерсон на тихоокеанскиот остров Гуам.

Вежбата е со цел зголемување на борбените вештини во заеднички операции.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски