Забранет влез во Кина на неколку американски официјални лица

Од:

Официјален Пекинг денеска соопшти дека ќе забрани влез на територијата на Кина за американските сенатори Марк Руби и Тед Круз, конгресменот Крис Смит и амбасадорот за верска слобода Сем Браунбек поради критиките за политиката на владејачката Комунистичка партија кон малцинствата и верниците.

Претставничката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Џунинг изјави дека „американските активности сериозно ги нарушиле кинеско-американските односи“ и дека Пекинг е решен да го зачува националниот суверенитет на Кина од надворешно мешање во земјата.

– Кина и во иднина ќе има подготвен одговор во согласност со развојот на настаните, рече Хуа.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала