Забрана за шетање со оружје по Тајмс Сквер, во Њујорк

Од:

На вооружени лица од денеска им е забрането да шетаат по Тајмс Сквер во Менхетен, како и на многу други јавни места во државата Њујорк, информираа властите.

Одлуката стапува во сила денеска, пренесе Хина.

Станува збор за одговор на Њујорк и други демократски држави како Калифорнија, на „скандалозната“ одлука на Врховниот суд на САД со мнозинство конзервативци, што кон крајот на јуни го потврди уставното право на носење оружје.

Известувањето „Тајмс Сквер: Зона без оружје“ од денеска ќе биде поставено на плоштадот во срцето на Менхетен, познат по огромните електронски билборди што светат ден и ноќ за 50 милиони посетители, колку што го посетуваат секоја година.

Забрането е и носење оружје во џебови или ранци.

Според властите, тоа се однесува на „барови, библиотеки, училишта, јавни установи и болници“ во регионот.

Во големите градови во САД има пораст на криминалот, како и на бројот на убиства.

Масовен масакр во мај имаше во Бафало – 10 жртви, како и во училиште во Тексас, каде убиени беа 21 лице, од кои 19 деца.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

МВР: Кај тројца жители на Општина Чашка е пронајдено оружје

Пентагон: Израел ќе купи оружје од САД во вредност од 7,4 милијарди долари

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

НАТО се обидува да го зголеми производството на оружје на своите членки

Кривична пријава за таткото на петнаесетгодишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје

А1он