Забрана за летање дронови над Лондон за време на посетата на Барак Обама

Од:

Британската Управа за цивилна авијација соопшти денеска дека се забранува летање на дронови, над најголемиот дел од Лондон, за време на претстојната посета на американскиот претседател Барак Обама на Велика Британија.
Според министерот за транспорт Патрик Меклафлин, забраната за пуштање дронови почнува во четврток, во 9 часот, па до 22.30 во недела.
Забраната се однесува и на делницата од Лондон до Виндзор, каде во петок, во тамошниот кралски замок, кралицата Елизабета ќе организира свечен ручек за високиот гостин од САД.
Обама доаѓа во последна посета во Европа, како американски претседател и освен Британија, ќе ја посети и Германија. Покрај овие две европски земји, Обама ќе ја посети и Саудиска Арабија.
Во текот на престојот во Лондон, американскиот претседател ќе има средба и разговори со британскиот премиер Дејвид Камерон, со кого ќе одржат заедничка прес конференција.
Обама во Лондон ќе има средба и со принцот Вилијам и неговата сопруга, војводката Кетрин Мидлтон. На средбата во нивната резиденција во Кенсингтон палатата ќе присуствува и принцот Хари.
Решението за забрана на летање со дронови над Лондон, доаѓа само два дена по инцидентот кога дрон удри во патнички авион на компанијата „Бритиш ервејз“ додека авионот се наоѓаше во фаза на спуштање на аеродромот Хитроу.
Полицијата отвори истрага за инцидентот, но засега само се знае дека дронот бил упрвуван од лондонскиот парк Ричмонд, кој е лоциран на крајниот запад од градот, во соседствто со Хитроу.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство