Забрана од сто години за геј парада

Од:

Врховниот суд на Русија ја потврди одлуката за забрана за одржување на геј парада во Москва следните сто години. Ваквата одлука ја донесе градската власт пред два месеци, а активистите на ЛГБТ популацијата најавија дека случајот повторно ќе го изнесат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбург.

Градските власти во Москва тврдат дека геј парадата може да предизвика нереди и дека мнозинството од населението се противи на нејзиното одржување.

Најпознатиот руски активист за правата на хомосексуалците Николај Алексејев се обиде на суд да ја оспори оваа одлука на властите во Москва, но пресудата не е во негова корист.

Алексејев се противи и на забраната во Санкт Петерсбург да се шири „хомосексуална пропаганда“и порача дека во Стразбург ќе бара одлуката да се прогласи како неправедна.

Советот на Европа се очекува во септември да го испита одговорот на Русија за претходната одлука на Европскиот суд за правата на геј популацијата.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот