Забавува економскиот раст на Бразил

Од:

Во последниот квартален извештај за оваа година, бразикаската Централна банка ја намали прогнозата за економскиот раст на Бразил за оваа година од претходно предвидените 0,7 на скромни 0,2 проценти.

Пред шест месеци Банката предвидуваше дека „јужноамериканскиот економски џин“ ќе забележи раст во 2014 година од 1,6 проценти.

Наспроти ваквите очекувања на Централната банка, аналитичарите очекуваат бразилскиот економски раст оваа година да изнесува само 0,1 отсто.

Уште на почетокот на овој месец бразилската Влада ги намали прогнозите за раст на БДП на Бразил за оваа година од 0,9 на 0,5, а за 2015-та од 2,0 на 0,8 проценти.

Бразилската економија, која е седма по големина во светот, последниве години забележа умерен раст од 1,0 отсто во 2012 и 2,5 проценти во 2113 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата