За време на карневалот во Келн регистрирани 22 сексулани напади

Од:

Германската полиција соопшти дека во текот на првиот ден и ноќ од карневалските свечености во западногерманскиот  град Келн биле регистрирани 22 инциденти со сексулано насилство.
Потврдено е дека вкупно 190 лица се притворени во текот на ноќта, најголемиот број од нив за нарушување на јавниот ред, додека едно лице е уапсено и обвинето за напад и силување на жена додека се враќала дома.

Мерките за безбедност годинава се значително зголемени и на улиците има 2.500 полицајци повеќе во споредба со претходните години.

Ваквото решение германските власти го донесоа по големиот број инциденти во Келн во текот на пречекот на Новата година, кога беа регистрини сексуални напади и грабежи врз 100 жени.
Германската јавност беше разгневена откако беше објавено дека најголемиот број од нападите ги извршиле штотутку пристигнати имигранти.

Во текот на 2015 година во Германија пристигнаа околу 1,1 милион имигарнти од Бликиот Исток и Северна Африка.

По првата карневалска ноќ полицијата регистрирала повеќе сексуални напади во споредба со минатата година.

Германската полиција открива дека сега се соочува со еден нов тип на криминал – банди од пијани мажи, главно од севереноафриканските земји, да напаѓаат жени по улиците.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ