Пратеникот во Врховната рада, Владимир Парасјук, убиецот на рускиот амбасадор во Турција го нарече херој, пренесува БТА.
– Кога човек по цена на сопствениот живот е подготвен на крајни мерки, поради идеја, вистина, тогаш со сигурност може да се каже – херој!, напиша украинскиот пратеник на Фејсбук.
Тој додаде дека убиецот на рускиот амбасадор е „херој за својот народ“.
Пораката на Парасјук предизвика бурни коментари на Фејсбук дека убиец не може да биде херој.
На социјалните мрежи на турски јазик има поголем број остри и негативни коментари за инцидентот,
– Да се убие невооружен амбасадор – не е подвиг, туку терористички напад, гласи една од пораките на социјалните мрежи.
Но, иако во помал број, има и луѓе кои го одобруваат чинот.