За три години во ЕУ влегле 118.000 албански азиланти, депортирани 101 илјада

Од:

Официјалната статистика потврдува дека албанските граѓани продолжуваат да емигрираат со висока стапка кон земјите од ЕУ.

– Според Евростат во изминатите три години,односно периодот 2014-2016 година, во некоја од земјите на ЕУ влегле над 118 илјади нелегални емигранти од Албанија. Поголемиот број од нив или 101 илјада биле депортирани,процес кој продолжува и во 2017 година.

Европскиот институт за статистика,Евростат,во извештајот наведува дека само минатата година се депортирани 42.600 албански граѓани и оти тие ја предводат листата на депортирани граѓани од земјите на ЕУ со голема разлика од другите држави.

– Во текот на 2016 година,земјите на ЕУ депортирале вкупно 226 илјади нелегални емигранти,што е најголем број по оној во 2008, од кога Евростат почна да ја објавува статистика за влез и излез на емигранти,пр што секој петти бил албански државјанин,јавуваат албански медиуми.

По албанските граѓани,на второ место се емигрантите од Украина со 22.600 депортирани, додека од балканските земји на четврто место е Косово со над 13 илјади депортирани.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер