Бројот на жители на Британија родени во странство е зголемен за над половина милион луѓе за три години, се вели во анализа на универзитетот Оксфорд.
Во неа се вели дека околу две третини од 565 илјади имигранти кои се смета дека пристигнале во Англија од 2011 до 2014 година, се родени во странство – во други држави од ЕУ.
Оценките покажуваат дека вкупниот број родени во странство жители на Британија е 7,9 милиони. Во 2001 година бројот на имигрантите бил 4,6 милиони луѓе.
Бројот на имигрантите во Британија чие население е 53 милиони „разгори“ страсти пред изборите. Евроскептиците тврдат дека тие се исклучително многу.