Во Сирија на страната на бунтовниците се борат луѓе од авганистанско-пакистанската зона, од Заедницата на независни држави и од Европа, изјави денеска шефот на Федераланата служба за безбедност на Русија Александар Бортников.
– Тоа не не вознемирува само нас туку и нашите колеги од Европа, бидејќи по завршувањето на воените дејствија бандитите ќе почнат да се враќаат дома, истакна Бортников.
Тој истакна дека на страната на сириската опозиција се борат околу 200 луѓе од Русија.