За новогодишната ноќ во Австрија и Холандија од огномет настрадаа тројца

Од:

Три лица лица загинаа за време на новогодишната прослава како резулатат на користење на пиротехнички средства.

Во Австрија, 17-годишен тинејџер настрада за време на палење на огномет, додека во Холандија за време на новогодишната ноќ во два одделни инциденти загинаа две лица.

Австриската полиција соопшти дека еден тинејџер се обидел да запали ‘топчеста бомба’ во металната цевка, но одеднаш таа изненадно експлодирала и му нанела на момчето тешки повреди на главата, пренесува АП.

Агенцијата додава дека по инцидентот момчето било пренесено в болница, но таму им подлегнало на повредите.

Во Холандија пак некаде по полноќ на улица било пронајдено тело на маж, а полицијата верува дека тој бил убиен од експлозија на огномет.

Во градот Мора, исто така во Холандија, 41-годишен маж починал од огнометот. За сега, околностите на оваа несреќа не се познати.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани