За кинескиот „Најден“ ќе се грижат баба му и дедо му

Од:

За новороденото кинеско момче, кое што беше спасено од канализациска цевка, откако на 22-годишната мајка случајно и испаднало, ќе се грижат баба му и дедо му. Тие во придружба на полицијата го изнеле момчето кое што привремено е наречено Бебе 59, по бројот на инкубаторот во кој што беше сместено.

Властите во Кина истакнаа дека детето случајно паднало во канализациската цевка, па затоа против неговата мајка нема да се покрене пријава.

Дедото на бебето изјави дека неговата ќерка многу страда поради притисокот од јавноста.

-Бебето е здраво и продолжува со својот живот, а целото семејство е благодарно на помошта. Ќе ги употребиме сите сили да го заштитиме внукот-наведе дедото и додаде дека ја моли јавноста на неговото семејство да му овозможи мир.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски