За Ердоган американските обвиненија за неговите телохранители се скандал

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги нарече денеска „скандалозни“ обвиненијата на американското Јавно обвинителство против припадници на неговото обезбедување. Дел од обезбедувањето на Ердоган во мај се пресмета со демонстранти кои протестираа за време на неговата посета на Вашингтон.

– Тоа е целосен скандал и скандалозен показател како функционира правдата во САД, изјави Ердоган на новинарите по молитвата по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Турскиот претседател изјави дека американските власти не обезбедиле заштита од членовите на Курдска работничка партијан (ПКК) за време на неговата посета на Вашингтон поради што неговото обезбедување морало да интервенира.

Во инцидентот во мај беа повредени 11 луѓе, а настанот според шефот на полицијата во Вашингтон е оценет како „брутален напад врз мирни демонстранти“ пред резиденцијата на турскиот амабасадор во Вашингтон. Официјална Анкара тогаш тогаш за инцидентот ги обвини курдските милитанти.

Пред два дена американското Јавно обвинителство покрена обвиненија против 22 членови на обезбедувањето на турскиот претседател кои што користеле насилство кон Курди, Ерменци и Јазиди, кои што најавено демонстрирале против кршење на човековите права и политиката на Анкара кон Сирија.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски