За членство во НАТО ќе одлучи украинскиот народ на референдум

Од:

Одлуката за членство на Украина во НАТО ќе ја донесе украинскиот народ на референдум, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко по средбата со литванската колешка Далија Грибаускајте.

– Одлуката за присоединување или не во НАТО е во исклучива надлежност на украинскиот народ. Второ, на самитот на Алијансата во 2008 година е кажано дека вратата на НАТО е отворена за Украина и таа позиција се уште е актуелна, истакна Порошенко.

Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг на седницата на Парламентарното собрание на Алијансата нагласи дека Украина може да стане членка доколку ги исполни потребните услови.

– Нашата политика не е промента. Вратата е отворена за земјите кои ги исполнуваат критериумите за членство. Тоа се однесува и за Украина, додаде Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски