За Борел настаните во Вашингтон мора да бидат повик за будење на сите поборници за демократија во светот

Од:

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел смета дека шокантните настани во Вашингтон мора да бидат повик за будење за сите поборници за демократијата ширум светот, потсетување дека светот мора посилно да се бори против дезинформациите и нееднаквоста и да ја обнови глобалната соработка за унапредување на владеењето на правото и демократските вредности.

Борел на блогот напиша дека е шокиран, како и сите приврзаници на демократијата и пријатели на САД ширум светот, од сцените видени во Вашингтон, каде масите го напаѓаа Капитол Хил за да го спречат гласањето за потврда на Џо Бајден за претседател.

Тој додаде дека зачудувачките настани од средата покажуваат колку е оштетено и поделено американското општество по четири години администрација на Доналд Трамп. Тој, сепак, наведува дека ова секако не може да се спореди со разни други напади врз демократијата од сличен тип, бидејќи безбедносните сили, како и скоро сите државни тела на САД и демократските институции, ги исполниле своите должности, како што правеа со недели претходно од 3 ноември и претседателските избори.

Сепак, тој вели дека не може да се потцени важноста на она што се случи и потенцијалната катастрофа што ќе беше предизвикана доколку ситуацијата излезеше уште повеќе од контрола.

„Она што беше видено во средата е само врвот на многу загрижувачките настани што се случија на глобално ниво во последниве години. Мора да биде повик за будење на поборниците на демократијата. Да се ​​бориме против заблудите и нападите врз демократските вредности и да ги надминеме поделбите во нашите општества. Не само во САД“, напиша Борел.

Секој мора да разбере дека ако прифатиме наздување по назадување, дури и да изгледа занемарливо, демократијата и нејзините вредности и институции на крајот може да исчезнат неповратно, истакна шефот на дипломатијата на ЕУ.

Тој посочи дека причината за загрижувачкиот успех на противниците на демократијата ширум светот е поврзана и со значителниот раст на нееднаквоста во општествата од двете страни на Атлантикот со кои мора да се води борба, за што Европа веќе почна.

Тој е со став дека дезинформациите се вистинска закана за демократијата и дека е потребно поефикасно да се борат против нив со цел да се гарантира правото на граѓаните да добиваат вистински информации.

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија