• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Свет

X ќе му плати 10 милиони долари на Трамп за суспендирање на неговата сметка на оваа социјална мрежа

by А1он14/02/2025 - 20:37643
Share0

Компанијата Икс, поранешна компанија на Твитер во сопственост на Илон Маск, се согласила да плати отштета од околу 10 милиони долари на поранешниот претседател Доналд Трамп како дел од спогодбата за суспензијата на неговата сметка во 2021 година, дознава Волстрит џурнал.

Добивај вести на вибер

Ова е втора голема финансиска победа за Трамп по ред, откако компанијата Мета неодамна се согласи да плати дури 25 милиони долари отштета, од кои значителен дел ќе биде насочен кон изградбата на претседателската библиотека на Трамп.

Тужбата против мрежата X првично беше отфрлена од судија во 2022 година, но адвокатите на Трамп поднесоа жалба на таа одлука. Трамп ги тужеше Твитер, Мета и Јутјуб откако овие платформи му забранија пристап до нив по немирите на 6 јануари 2021 година, тврдејќи дека суспензијата ги прекршила неговите права од Првиот амандман.

Она што е особено интересно е фактот дека спогодбата дојде и покрај блиските врски меѓу Илон Маск и Доналд Трамп. Маск не само што ја врати сметката на Трамп на платформата X веднаш по преземањето на компанијата во 2022 година, туку и инвестираше најмалку 250 милиони долари во кампањата на Трамп во 2024 година.

Според Волстрит журнал, правниот тим на Трамп планира да бара спогодба со Гугл, со што би завршиле серија тужби против големите технолошки компании поради суспензијата на неговите сметки.

tramptviter

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако Кина ја преземе Канада ќе го укине хокејот

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 09:34

Шокантни документи на ФБИ за поврзаноста на Трамп со Епстин

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 08:3601/02/2026 - 08:56

Одлуката е донесена: „Ќе се случи невиден напад“

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 18:39

Трамп: Планирам да разговарам со Иран

Горан Наумовски30/01/2026 - 13:15

САД се заканија со санкции за земјите кои и испорачуваат нафта на Куба

Горан Наумовски30/01/2026 - 09:53

Лавров: Трамп не можеше да поверува што слушна од својот руски колега за време на разговорот во Алјаска

Горан Наумовски30/01/2026 - 08:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен