Тројца затвореници избегаа вчера од затвор во градот Квебек со помош на хеликоптер, соопшти канадската полиција.
Ова е второ слично бегство во истоимената провинција за последните две години, забележуваат американските медиуми.
По бегството, хеликоптерот се упатил на запад од затворот Орсенвил.
Полицијата ги идентификуваше бегалците како Ив Џони, Џони Луфебр и Серж Померло. Полицијата на Твитер објави доколку некој ги види, да не им се приближува и веднаш да ја контактира полицијата.
Во март минатата година, пилот на хеликоптер, под закана со пиштол, беше принуден да качи во леталото двајца затвореници од затворот Сент Џером. По неколку часа, полицијата ги фати двајцата бегалци и двајца осомничени, кои го киднапирале хеликоптерот.