Втор круг претседателските избори во Полска меѓу Коморовски и Дуда на 24. мај

Од:

Кандидатот на полската опозициска партија „Право и правда“ Анџеј Дуда, кој според првичните резултати освои најмногу гласови на вчерашните претседателските избори во Полска во вториот круг ќе се бори против актуелниот претседател Бронислав Коморовски.

Дуда освои 34,8 проценти од гласовите, додека актуелниот претседател Бронислав Коморовски, изненадувачки заврши втор со 32,2 отсто од гласовите. Вториот круг од претседателските избори во Полска е закажан за 24 мај.

Панк-рок музичарот Павел Кукиз, како независен кандидат, е трет со освоени 20,3 проценти од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати.

– Ние ќе победиме. Верувам дека победата ќе биде наша во вториот круг, изјави Дуда веднаш по објавувањето на прелиминарните резултати, додавајќи дека сака да учествува во дебата со актуелниот претседател Бронислав Коморовски пред вториот круг од изборите.

Дуда, нагласи, дека негова цел е обнова на Полска во многу области, вклучително здрваството, економијата и образованието. – За да се случи тоа, треба да дојде нов државен лидер, истакна кандидатот на опозицијата.

Актуелниот претседател на Полска Бронислав Коморовски, кој загуби во првиот круг од вчерашните претседателски избори, изјави дека верува во победа во вториот круг, закажан за 24 мај, јави ТАСС.

– Не чека тешка работа, остра борба, но јас сум уверен дека не чека и победа, изјави Коморовски, повикувајќи го противникот на дебата за најважните прашања за Полска.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата