Втор круг претседателски избори во Бразил

Од:

Во Бразил денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кој силите ќе ги одмерат актуелната претседателка Дилма Русеф и опозицискиот кандидат Аесео Невес.

Најновите анкети и даваат предност на Русеф од Работничката партија, но голем е бројот и на оние кои го поддржуваат нејзиниот противкандидат од редовите на десниот центар Невес, по една од најдраматичните претседателски камањи во Бразил.

Претседателската трка стана драматична кога главниот опозициски кандидат Едуардо Кампос го загуби животот во авионска несреќа во август, а Марина Силва, која дојде на негово место, веднаш оствари двоцифрено водство во однос на Русеф и Невес.

нејзината кампања беше фокусирана на незадоволството на граѓаните со јавните служби, кои беа повод за протести на милиони Бразилци минатата година, но не најде упориште во бирачкото тело, и гласачите ја напуштија за неколку недели.

По првиот изборен круг пред две недели, победничка беше Русеф со освоени 41,40 отсто од гласовите, а нејзиниот најголем ривал Аесио Невес, поранешен популарен гувернер на сојузната држава Минас од Бразилската социјалдемократска партија доби 33,68 проценти.Активистката за заштита на животната средина Марина Силва освои само 21,29 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата