Втор круг од претседателските избори во Нигер

Од:

Граѓаните на Нигер гласаат денеска на вториот круг од претседателските избори во земјата. Гласањето се очекува да го отвори патот за првата демократска транзиција на власта во Нигер по независноста од Франција пред повеќе од шест децении.

Изборите беа закажани откако претседателот во заминување Махамаду Исуфу објави дека доброволно се повлекува од функцијата по два петгодишни мандата.

Двајцата кандидати во вториот круг од претседателските избори во западноафриканската земја, која е една од најсиромашните во светот, се Мохамед Базум и Махамане Усман.

Мохамед Базум, десната рака на Исуфу, се смета за фаворит откако освои 39,3 отсто од гласовите во првиот круг. Тој вети дека ќе ја продолжи политиката на Исуфу, фокусирајќи се на безбедноста и економското преструктуирање. Тој ја има поддршката од кандидатите кои се пласираа на трето и четврто место во првиот круг од изборите.

Негов противкандидат е Махамане Усман, кој беше првиот демократски избран претседател на Нигер во 1993 година, но беше соборен од власт три години подоцна со државен удар. Тој освои 17 отсто од гласовите во првиот круг и има поддршка од околу десетина помали партии и кандидати. Усман вети дека ќе спроведе промени и ќе се справи со корупцијата во земјата.

Би можело да ве интересира

Воената хунта се закани: Ќе го убиеме соборениот претседател

Бунтовниците во Нигер тврдат: Француската војска ги нападнала припадници на националната гарда

Се собира војска, ќе има војна: 25.000 војници се подготвени

Предраг Петровиќ

Хунтата во Нигер го затвори воздушниот простор поради заканите за воена интервенција

Нигер: Воената хунта побара помош од Вагнер

Сменетиот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“