Втор круг од парламентарните избори во Египет

Од:

Во Египет денеска се одржува втор круг од парламентарните избори за повеќе од 200 пратеничкиместа за кои немаше победник во првиот круг. Се очекува кандидатите лојални на претседателот Абдел Фатах ал Сиси да добијат доверба од избирачите.

Само една четвртина од гласачите учествуваат минатата недела во првиот круг од изборот за пратеници во парламентот, прв по околу три години. Во новиот парламент ќе има 568 пратеници – 448 избрани со мнозинство и 120 пропорционално.

Освен тоа, претседателот Ал Сиси ќе може да назначи до 28 пратеници.

Во вториот круг ќе се знае „судбината“ на 222 од вкупно 226 пратенички места. Никој од кандидатите не доби поддршка од над 50 отсто од гласовите во својот реон.

Тројца од четворицата кандидати кои добија мандат уште во првиот круг се поранешни членови на владејачката Национална демократска партија на поранешниот претседател Хосни Мубарак, која беше распуштена во 2011 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува