Втор ден од референдумот за уставните амандмани во Египет

Од:

Над 61 милиони граѓаните на Египет со право на глас, денеска втор ден по ред гласаат на тридневниот референдум за уставните амандмани со кои треба да му се продолжи мандатот на актуелниот египетски претседателот Абдел Фатах ал Сиси.

Покрај ова, со амандманите на Уставот, на шефот на државата ќе му се овозможи да ги именува членовите на Врховниот суд на Египет, ќе биде формиран Горен дом на Парламентот и воените судови ќе добијат поголеми надлежности да им судат на цивили.

Одлуката за распишување на референдумот беше донесена по гласањето во египетскиот Парламент, каде големо мнозинство од 531 од вкупно 554-те пратеници усвоија низа уставни амандмани.

Уставот од 2014 година дозволува само два последователни претседателски мандати во траење од по четири години. Со предложените промени се овозможува продолжување на вториот мандат на Ал Сиси од четири на шест години, кој би завршил во 2024 година. Тогаш претседателот би можел да се кандидира за трет, шестгодишен мандат, што би му овозможило да остане на власт до 2030 година.

За да стапат во сила амандманите мора да добие мнозинска поддршка на референдумот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува