Вселенскиот брод „Сојуз“ со руско-американски екипаж се закачи за МВС

Од:

Вселенскиот брод „Сојуз ТМА-14М“, со кој пилотира руско-американски екипаж, успешно се закачи за Меѓународната вселенска станица (МВС), jaви ИТАР-ТАСС.

Вселенскиот брод полета доцна синоќа од космодромот Бајконур.

На спојувањето со МВС не му попречи ниту фактот што еден од сончевите панели на бродот не се отвори.

Карактеристично за овој лет е што во екипажот првпат во последните 20 години е вклучена и жена – руската космонаутка Елена Серова. Нејзината претходничка Елена Кондакова во 1994 година изврши петмесечен орбитален лет на станицата „Мир“.

На вселенскиот брод „Сојуз ТМА-14М“, исто така, се наоѓаат и космонаутот на „Роскосмос“ Александар Самокутјаев и астронаутот на НАСА Бари Вилмор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина