Повторно „врие“ во Египет. Воениот совет ги презеде сите права, меѓу кои и правото на вето за одредбите од новиот Устав. Најавија нови избори по изработката на новиот Устав и неговото усвојување на референдум. До новите избори, власта е во рацете на Воениот совет.
За исламистичкото движење „ Муслимански браќа“, ова е пуч врз демократијата, Тие соопштија дека на вчерашните претседателски избори во Египет победил нивниот кандидат Мохамед Мурси. „Муслиманските браќа“ известија дека Мурси освоил 52,5 проценти од гласовите а неговиот противкандидат, поранешниот премиер Ахмед Шефик ја добил поддршката од 47,5 проценти од египетските граѓани.
Веднаш реагираше претставник на кампањата на Шафик, последниот премиер од режимот на Мубарак кој беше еден од двајцата кандидати за претседател. Луѓето на Шафик велат дека тој води!
„Ги отфрламе тврдењата на Муслиманското братство. Шокирани сме од ова бизарно однесување кое води кон крадење на изборните резултати“, изјави Махмуд Баракех од изборниот штаб на Шафик.
Претходно во четвртокот Уставниот суд суд поништи голем дел од неодамна одржаните парламентарни избори во земјата и прогласи распуштање на парламентот, оценувајќи дека две третини од пратениците биле избрани нелегално.