Врховниот суд во Иран ја потврди смртната казната за новинарот Зам

Од:

Иранскиот Врховен суд денеска ја потврди смртната казна за новинарот Рухолах Зам поради „поттикнување на антивладини немири“ во 2017 година на социјалните мрежи.

– Да, Врховниот суд ја потврди казната што претходно ја донесе Судот на револуцијата, изјави портпаролот на иранскиот Врховен суд, Голамхусеим Есмаили.

Зам кон крајот на јуни беше осуден на смрт.

Тој раководеше со интернет-страницата „АмадЊуз“ и апликацијата Телеграм на кои поставуваше информации за протестите во 2017 година. Зам живееше во егзил во Париз, а во 2019 година се врати во Иран, кога е и уапсен.

Би можело да ве интересира

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

САД воведоа нови санкции кон Иран