Британскиот Врховен суд од 5 до 8 декември ќе ја разгледа жалбата на британската Влада по повод одлуката дека не може да го започне процесот за излез на земјата од ЕУ без одобрение од Парламентот на Велика Британија.
Сите 11 судии на Врховниот суд ќе ја разгледаат жалбата на Владата, а одлуката најверојатно ќе биде донесена околу Нова Година, се наведува во соопштението на Судот.
Вишиот суд на Велика Британија на 3 ноември одлучи дека британскиот Парламент, а не Владата, треба да го одобри почетокот на официјалниот процес за излез на земјата од ЕУ, што може да го одложи Брегзит, а поради тоа Владата најави жалба.