Врховниот суд на САД третпат ja отфрли иницијативата да се укине здравственото осигурување воведено од Обама

Од:

Врховниот суд на САД денеска го поддржа законот со кој се обезбедува поволно здравствено осигурување за сите Американци, отфрлајќи ги обидите на Тексас и 17 други држави предводени од републиканците за уривање на Обамакер.

Тоа е третпат од 2010 година кога Законот за достапно здравствено осигурување, еден од најголемите наследства на поранешниот претседател Барак Обама, да ги преживее обидите за соборување на суд.

Републиканската тужба ја поддржа поранешниот претседател Доналд Трамп, кој вети дека ќе го повлече законот кога дојде на власт во 2016 година.

Законот забранува осигурителни компании да одбиваат услуги за оние кои имаат некои здравствени проблеми. Покрај тоа, им овозможи на милиони Американци со ниски примања пристап до здравствено осигурување.

Судиите со мнозинство од седум спрема два одлучија дека подносителите немаат правна основа за тужбата и затоа не го разгледуваа ниту прашањето за уставноста на клучната одредба на законот.

Според т.н. индивидуален мандат милиони луѓе во САД мораа да купат здравствено осигурување или во спротивно да се соочат со казни.

Таа одредба остана во законот, но всушност нема казни бидејќи Конгресот под контрола на републиканците ги намали на нула во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија