Врховниот суд на САД повторно му изрече смртна казна на „бостонскиот бомбаш“

Од:

Врховниот суд на САД повторно му изрече смртна пресуда на Џохар Царнаев, кој е обвинет за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во 2013 година во кој загинаа три лица.

Судиите со шест гласа „за“ и три гласа „против“ се согласија со аргументите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден дека сојузниот Апелациски суд згрешил што ја отфрлил смртната казна, која поротата му ја изрече на Царнаев.

Првиот американски Окружен апелациски суд во Бостон пресуди во 2020 година дека првостепениот судија непрописно ги исклучил доказите кои можеле да покажат дека Царнаев бил под големо влијание на својот постар брат Тамерлан и дека е помалку одговорен за нападот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19