Врховниот суд на САД отвори пат за легализиција на истополовите бракови

Од:

Врховниот суд на САД го одби барањето на пет сојузни држави за останување во сила на локалните забрани за склучување истополови бракови, што може во блиска иднина да доведе до нивното легализирање во целата земја, јавија американските медиуми.

Судот го отфрли барањето за продолжување на забраната за бракови меѓу лица со ист пол на властите во Вирџинија, Висконсин, Индијана, Оклахома и Јута, кои се жалеа на одлуките на пониските судски инстанци.

На овој начин, исто половите бракови веќе се озаконети во 24 американски сојузни држави, Се очекува во најскоро време оваа бројка да се зголеми на 30, откако најновата судска одлука ќе се примени и во Колорадо, Канзас, Северна Каролина, Јужна Каролина, Западна Вирџинија и Вајоминг, кои, исто така, се жалат на одлуките на пониските инстанци.

Во 20 американски сојузни држави забраната е се уште во сила.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски